
Лоша година за Реал, вакво нешто не му се случило деценија и пол
Минатиот месец, фудбалската секција беше елиминирана во четвртфиналето од Лигата на шампионите, од Арсенал, а истата судбина, во остата фаза, ја доживеаја кошаркарите со поразот од Олимпијакос. Ова значи дека по долго време, Реал нема да има екипа во полуфиналето од Лигата на шампионите или Евролигата.
Ако се изземе 2020 година кога не се доигра завршниот дел од Евролигата поради корона пандемијата, последен пат такво нешто се случи во 2010. Тогаш кошаркарскиот тим на Реал испадна во четвртфиналето од Барселона, а фудбалскиот колектив беше елиминиран од Лион уште во осминафиналната фаза.
Дебаклот на европска сцена може да го спасат само титули во домашните првенства, а во моментов, поблиску до такво нешто е кошаркарскиот тим кој е лидер во АЦБ лигата.