Надал сака да ги предизвика големите ривали во нов спорт: Подобар сум од нив

Еден од најголемите тенисери во историјата и „пензионер“ од неодамна, Рафаел Надал, сака повторно да се соочи со своите најголеми ривали, но овој пат во друг спорт. 

Шпанецот, кој со останатите членови на „големата четворка“ одигра вкупно 124 меча, откри дека сега сака да се натпреварува со големите ривали, но во голф каде што тврди дека е подобар.

„На тениските терени меѓу нас не беше присутна толкава разлика, но во голф сум многу подобар“, изјави Шпанецот.

Надал не е еден од оние кои веднаш по пензионирањето го чувствуваат недостатокот на тенис и ужива во своето слободно време и активностите на кои не можеше ниту да помисли додека професионално играше тенис.

„Сè уште не го пронајдов моментот во својата рутина што би ми дал лична мотивација да се вратам. Ако во иднина најдам причина да го направам тоа, ќе организирам егзибициски меч или нешто слично. Тогаш ќе имам поддршка, но тој момент засега не е дојден“, изјави Надал.

Во понеделникот, Надал ја доби наградата „Лауреус“ за спортска икона.

Фото: Rafa Nadal/FB