
Ужас: Во сообраќајка загина хрватски фудбалски репрезентативец!
Во несреќата, која се случила околу 20.15 часот, учествувале четири автомобили, а од полицијата потврдиле дека еден од починатите е фудбалерот.
Хрватот во кариерата играше за Динамо Загреб, Монако, Салцбург, Интер Запрешиќ, Шахтер, Славен Белупо и други екипи, додека репрезентативниот дрес го носеше на 15 натпревари. За коцкестите настапи на Евро 2008 година.
Откако му беше дијагностициран тежок вид на рак пред неколку години, Покривач се повлече од професионалното играње фудбал, па настапуваше во аматерските лиги во Хрватска.