По вчерашната еуфорија, денеска тажна вест: Почина поранешен младинец на Jунајтед!

Додека навивачите на Манчестер јунајтед се уште ја слават епската победа над Лион, клубот информира за тажна вест, почина Џо Томпсон.

По долга борба со болеста која траеше повеќе од 10 години, на 36-годишна возраст почина Џо Томпсон.

Тој беше дел од академијата на Манчестер јунајтед, важеше за голем талент, но не го оствари, во сениорскиот фудбал играше за екипите на Рочдејл, Транмере Роверс, Бјури, Врексем, Карсли јунајтед.

Во 2013 година му беше дијагностициран Хоџкин лимфом и во два наврати успеа да ја победи оваа болест. Пред една година соопшти дека таа му се вратила и по третпат, а денеска доаѓа информацијата дека починал.

Манчестер јунајтед ја сподели веста за смртта на фудбалерот кој кариерата ја заврши во 2019 година.

„Никогаш не сакав да бидам познат како голем, или добар фудбалер. Ако ме прашувате мене, сакам да бидам познат како голем и добар човек. Неволјите доаѓаат на различни начини и различно влијаат врз луѓето, но љубовта и единството секогаш победуваат“, гласи изјавата на Томпсон со која Манчестер јунајтед му изрази сочувство.