Дарко Чурлинов му даде гол на Бетис! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов даде нов гол за Јагелонија, овојпат погоди во меч од Конференциската лига против силниот Бетис.

Дарко Чурлинов беше исклучително мотивиран на денешниот натпревар, беше најактивниот гол на Бетис, а играта ја круниса со погодок.

Течеше 81. минута кога упорниот Чурлинов сам се избори за една топка и постигна гол за израмнување на 1-1.

Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот. Бетис оди понатаму поради победата во првиот меч од 2-0.

Фиорентина одигра 2-2 против Целје, виолетовите одат понатаму поради триумфот во Словенија од 2-1.