
Македонските надежи загубија од Словачка на вториот контролен меч
Јан Брнула го постигна првиот гол за водство на Словачка од 1-0, додека Кристијан Стручка и Филип Трело стрелаа во продолжение за предност од 3-0.
Македонија успеа да ја намали негативата во второто полувреме, односно во 60. минута кога Давид Стојановски погоди за 1-3.
Првиот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации заврши нерешено (1-1).