
„Скај Спортс“ објави кога Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид
Италијанскиот тренер наскоро ќе го напушти „кралскиот тим“, а „Скај Спортс“ објави дека тоа ќе се случи по финалето во шпанскиот Куп.
Реал е во битка за три пехари до крајот на сезоната, но игра лошо и поради тоа раководството сака да го промени стратегот.
Финалето на шпанскиот Куп се игра на 26 април, па според „Скај Спортс“ тоа треба да биде последен меч за Италијанецот.