
„Јас да се допингував како Синер ќе ме суспендираа на – 20 години!“
И покрај тоа што истрагата беше долга, Синер нема да пропушти ниту еден гренслем-турнир, што предизвика бурни реакции во тениската јавност. Најгласна меѓу критичарите беше тениската легенда Серена Вилијамс, која ја оспори правичноста на казната.
„Го сакам Синер и оваа игра. Тој е важен за машкиот тенис. Но, ако јас го направев тоа, ќе добиев најмалку 20 години казна,“ изјави Вилијамс, упатувајќи индиректна критика до Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Таа се повлече од професионалниот тенис во 2022 година со 23 гренд-слем титули зад себе. Серена важеше за спортистка која особено внимавала на тоа што внесува во својот организам. Овој случај се надоврзува на сè почестите допинг скандали во тенисот. Полјачката Ига Швјонтек неодамна беше суспендирана еден месец поради користење на тиметазидин, а романската тенисерка Симона Халеп доби деветмесечна казна за употреба на лекот роксадустат.
ФОТО: EPA PHOTO