
Дали крајот вака мириса? Нова тешка повреда на Нејмар! (ВИДЕО)
Од она што можеше да се забележи, станува збор за повреда на задната ложа, но солзите на неговото лице при излегувањето на теренот, како и неговата историја на повреди, навестуваат дека ова би можело да биде крај на неговата кариера. Последните години, тој најчесто беше надвор од терените поради слични причини, во Саудиска Арабија не играше речиси воопшто, а откако се врати матичниот Сантос одигра десет меча од јануари досега.
Сите присутни на стадионот станаа на нозе да го поздрават својот миленик кој плачеше мало дете, свесен дека многу веројатно ќе треба да се прости од фудбалот.
Во моментот на повредата, Сантос водеше со 2-0, благодарение на головите на Зе Ивалдо и Бареал, а толку и заврши мечот. Откако се врати во матичниот клуб, Нејмар постигна по три гола и асистенции.