
Реал Мадрид со сите сили ќе го нападне Арсенал (ФОТО)
Анчелоти се реши за Куртоа на голот, додека во одбраната се Алаба, Рудигер, Асенсио и Васкез. Средниот ред ќе биде пополнет со Белингам, Чуамени и Валверде, додека во нападот ќе играат Винисиус, Мбапе и Родриго.
Микел Артета ќе се обиде да го искористи водството од првиот меч со цел да обезбеди полуфинале во ЛШ, а на теренот за Арсенал ќе излезат Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Парти, Рајс, Одегард, Сака, Мартинели и Мерино.