Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар и српскиот шампион Црвена Звезда вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје играат хуманитарен натпревар по трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани, а навивачите на скопскиот гигант „Комити“ покажаа класа.

„Комити“ со специјална кореографија им се заблагодарија на сите што ни помогнаа за Кочани, каде што животот го загубија 61 лице, а над 150 беа повредени во страшниот пожар кој ја зафати дискотеката.

На кореографијата е испишано „Благодарам“ на јазиците на сите што ни помогнаа за Кочани.