Загина репрезентативец на Габон - неговиот брат осомничен за убиство!

Репрезентативецот на Габон, Арон Боупенза го загуби животот на 28-годишна возраст по пад од згрда во Кина каде што го носеше дресот на суперлигашот Жечијанг.

Според информациите на странските медиум властите во истрагата разгледуваат три сценарија за неговата смрт: Самоубиство, несреќен пад и убиство.

Еден од осомничените во случајот е неговиот брат кој во моментите на инцидентот бил во станот и наводно според исказите на очевидци имале расправија. Поради тоа инспектрите истражуваат дали можеби имало некакво туркање помеѓу двајцата.

Исто така е забележано дека истиот ден Боупенза без никакво објаснување не се појавил на тренингот на неговиот тим од каде што не можеле никако да стапат во контакт со него за подоцна да добијат вест дека почина.

Најдобриот период од кариерата на Боупенза беше во турскиот Хатајспор каде што во сезоната 2020/2021 постигна 22 гола на 36 натпревари и беше најдобар стрелец во турската Суперлига.

Низ кариерата го носеше уште дресот на: Бордо, Ајачио, Феиренсе, Ал-Араби, Ал-Шабаб, Синсинати и Рапид Букуреш.

ФОТО: EPA PHOTO