Mбапе ја доби казната за бруталниот старт, Барса се налути: Апсурдно и смешно!

Францускиот голгетер Килијан Мбапе доби само еден натпревар суспензија за бруталнито старт кој го имаше во натпреварот против Алавес.

Се очекуваше дека Мбапе ќе добие повисока казна, но шпанската федерација одлучи сепак да го суспендира само на еден натпревар и напаѓачот ќе го пропушти само натпреварот против Атлетик Билбао.

Набрзо по потврдата за казната на Французинот се огласи и потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте кој казната ја нарече смешна и срамна.

„Срамно и апсурдно! Можеше да предизвика сериозна повреда кај противничкиот фудбалер. Не знам каква ќе беше одлуката ако некој наш фудбалер го направеше истото. Ова апсолутно не е фер“, изјави Јусте.