Драма: На Астон Вила ѝ фали уште еден гол да ја елиминира негативата од Париз!

Астон Вила даде два брзи гола во второто полувреме и поведе со 3-2 против ПСЖ, на англискиот тим му фали уште еден погодок да го изедначи вкупниот резултат.

ПСЖ имаше водство од 2-1 по првото полувреме, но работите се променија во Бирмингем.

По десет минути игра во вториот дел Мегин погоди за 2-2, а две минути подоцна Конса даде гол за комплетен пресврт и водство на Астон Вила од 3-2.

Домаќините комплетно се вратија во игра, сега напаѓаат за да направат чудо.