
Проблеми за Барселона пред финалето со Реал во шпанскиот Куп
Левиот бек на каталонскиот гигант Алехандро Балде доживеа повреда поради која ќе мора да паузира од две до три недели.
Балде ќе го пропушти реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, но и дуелите со Мајорка и Хетафе во Ла Лига.
Тренерот Ханси Флик се надева дека Балде ќе биде достапен за „Ел Класико“ во Купот, меѓутоа мали се шансите за такво нешто.