Салах: Да потпише и Ван Дајк, па да ја прославиме титулата!

Ливерпул чекори кон нова титула во Премиерлигата, а во меѓувреме клубот ги продолжува договорите со најважните фудбалери.

Еден од нив е Мохамед Салах, кој неодамна го продолжи договорот, а сега се очекува истото да го направи и Вриџил Ван Дајк.

„Мило ми е што победивме. Вест хем е добар тим и ни направи проблем. Сепак, на крајот ние ги освоивме бодовите. Да потпише уште Ван Дајк, па да ја прославиме титулата“, кажа Салах.

„Црвените“ во моментов имаат 13 бодови повеќе од Арсенал на шест кола пред крајот.