Челси ја освои Варшава и се приближи кон полуфинале во Конференциската лига

Премиерлигашот Челси триумфира против Легија во Варшава со 3-0 во првиот меч од четвртфиналето во Конференциската лига.

„Тврдината“ на Легија издржа едно полувреме, односно Челси не можеше да го најде патот до мрежата на домаќинот, но затоа „сините“ во второто полувреме се разиграа и во краток период го решија прашањето за победникот.

Тајрик Џорџ беше стрелец на првиот гол за лондонскиот гигант во 49. минута, а потоа два погодоци постигна Нони Мадуеке. Исто така, Кристофер Нкунку имаше шанса од пенал, меѓутоа неговиот удар беше одбранет од противничкиот голман.

Челси ќе ја пречека Легија на 17 април во Лондон од 21 часот.

Фото: EPA PHOTO