Јамал се појави во розев џемпер, Араухо му се изнасмеа (ВИДЕО)

По убедливата победа на Барселона над Борусија Дортмунд од 4-0 каталонскиот гигант речиси и да го обезбеди пласманот во следната фаза, а по натпреварот внимание привлече и тинејџерската ѕвезда на клубот, Ламин Јамал

Ламин Јамал и во вчерашниот натпревар беше еден од најдобрите на теренот, но по натпреварот покажа дека модата баш и не му е силна страна.

Младиот фудбалер се појави во необична розева јакна која преизвика многу коментари како во соблекувалната помеѓу неговите соиграчи, така и меѓу навивачите на социјалните мрежи.

Моментот да се пошегува со него не го пропушти дефанзивецот, Роналд Араухо.

„Погледнете го Ламин! Ја носи јакната на мојата ќерка Аитана“, објави Уругваецот.