
Прилепчанец и битолчанец го тепале Радески во Тетово!
Инцидентот се случил во близина на тетовскиот стадион, веднаш по завршувањето на првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија Шкендија и Струга. Зад решетки завршиле 34-годишниот Д.Д. од Прилеп и 37-годишниот И.А. од Битола, кои се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе им бидат поднесени соодветни пријави.
Радески изјавил дека при излегување од стадионот го забележал Д.Д., со кого претходно се познавал, кој го повикал да влезе во возило со прилепски регистарски таблички, каде бил присутен и И.А., по што двајцата физички го нападнале.