Пике се расплака во судницата: Во друга држава би ми подигнале статуа (ВИДЕО)

Шпанските медиуми објавија аудиоснимка од судењето на Жерар Пике кој е под истрага за случајот со Суперкупот на Шпанија.

Поранешниот шпански репрезентативец кој во кариерата освои се што можеше да се освои негираше било каква вина, но и се расплака пред судот велејќи дека не може да ги разбере обвинувањата.

Исто така Пике зборуваше и дека репутацијата никој нема да може да му ја врати. Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер јунајтед е под истрага порадипровизијата од четири милиони евра годишно која ја добивал преку својата компанија.

Се истражува наводна корупција и перење на пари кои довеле до преместување на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија.

Пике помина два часа во судницата и се обиде да го објасни случајот, иако како што вели и самиот не разбирал најдобро.

„Може ли да кажам нешто? Многу е фрустрирачки бидејќи со овој случај се занимаваме три години. Мислам дека дадовме непроценлива вредност на Фудбалскиот сојуз на Шпанија и најголемиот договор во историјата на сојузот. Во некоја друга држава за вакво нешто би ми подигнале статута“, зборуваше Пике.

Во продолжение од изјавата Пике со емотивен тон зборуваше како се чувствувал во изминатите три години.

„Не можете да замислите како е вашето име секојдневно да се појаувва во медиумите три години од ден во ден за исти случај. Чувствува недостасток на почит во целиот случај. На крајот се ќе заврши порано или подоцна, но никој нема да може да ми ја врати репутацијата“, додаде Шпанецот.

Фото: ЕPA PHOTO