Невиден малер: Му изгоре олимпиското злато, а сега остана и без УФЦ појасот (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ и олимписки шампион Хенри Сехундо остана без шампионскиот појас кој му бил украден заедно со уште други работи вредни над 10.000 долари.

Се врати момчето од Лос Анџелес во американската промоција во 2023, но по враќањето од пензија не беше толку успешен. Борецот висок 163 сантиметри освојуваше титули во категоријата до 57 и 61 килограм, како и злато на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година во борење во слободен стил.

Кариерата ја заврши во 2020 година за три години подоцна да се врати и од 2023 година до денес претрпе три порази во исто толку мечеви.Освен тоа тој води и подкаст заедно со УФЦ легендата Камара Усман, а сега грабежот се случил токму во нивното студио.

Крадците си заминале со УФЦ шампионскиот појас и опрема за подкаст вредна над 10.000 евра.

Претходно неговиот златен медал од Пекинг му изгоре во пожарите во Калифорнија во 2017 година кога тој побгегна скокајќи од хотелска соба на вториот кат.