
Анчелоти за да си ја задржи работата, прво ќе треба да го елиминира Арсенал!
Кралскиот клуб треба да надополни висока негатива на Бернабеу за да помине во полуфиналето од Лигата на шампионите, а во Ла Лига има четири бода заостанување зад Барселона.
Според „Марка“, Карло Анчелоти треба да го елиминира Арсенал за да си ја задржи работата.
Ако биде елиминиран, тоа ќе значи дека по крајот на сезоната ќе добие отказ и Реал Мадрид на лето ќе назначи нов тренер.