
Рафиња му се извинил на Кубарси за „украдениот“ гол (ФОТО)
Кубарси ја шутна топката кон голот на Борусија Дортмунд и таа влегуваше во мрежата на гостите, но Рафиња и покрај тоа ја удри топката на линијата пред таа да влезе и погодокот му беше запишан нему.
Рафиња му го украде голот на Кубарси, но сантиметри фалеа погодокот да биде и поништен, се гледаше ВАР дали тој е во офсајд. Па дури тогаш ќе имаше лавина од критики за Бразилецот.
„Првиот гол? Му се извинив на Пау Кубарси. Ја удрив топката пред таа да ја мине линијата. Му реков да биде среќен бидејќи ќе му се брои како асистенција“, рече Рафиња смеејќи се.