
Арсенал оштетен: Асенсио „бранеше“ со рака, Пељто не се огласи (ВИДЕО)
При една акција на домашниот тим, Асенсио „одбрани“ еден удар со левата рака која не му беше во природа положба, но главниот судија Ирфан Пељто од БиХ не се огласи. По разгледувањето на ситуацијата во ВАР собата, играта продолжи.
Социјалните мрежи веднаш зовреа, босанскиот арбитар е на удар на љубителите на фудбалот кои тврдат дека во оваа ситуација морал да покаже на белата точка.