Ивановски поразен во Пореч, а Србљак загуби на турнирот во Аламинос

Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше поразен од Стефан Поповиќ на турнирот во Пореч, Хрватска, додека Горазд Србљак загуби од Џанмарко Ортензи на натпреварувањето во Аламинос, Кипар.

Ивановски имаше добар старт против шестиот носител на турнирот и го освои првиот сет со 6-4, меѓутоа неговиот ривал возврати со 6-3, а потоа Поповиќ во решавачкиот сет славеше со 6-4.

Србљак го освои првиот сет против Ортензи со 6-3, но потоа Италијанецот со 6-3 и 6-0 славеше во натпреварот и обезбеди пласман понатаму.

Ивановски следната недела ќе настапи во квалификациите за турнирот во Задар, а Србљак ќе игра на вториот турнир во Аламинос.