
Ленард побрз од сирената, Кливленд продолжува со теророт во НБА (ВИДЕО)
Тој ја презеде одговорноста во последниот напад, пробивајќи се низ одбраната на противникот и прецизно реализирајќи под притисок. Со ова, Клиперс го забележаа третиот последователен триумф во НБА. Џејмс Харден беше најефикасен во победничкиот тим со 29 поени, 11 асистенции и девет скока, додека Ивица Зубац забележа „дабл-дабл“ со 22 поени и 14 скока. Херојот Ленард заврши со 17 поени. На спротивната страна, Демар Дерозан беше најдобар стрелец за Сакраменто со 31 поен, 10 асистенции и седум скока.
Во останатите натпревари, Кливленд Кавалирс го совлада Милвоки Бакс со 112-100, продолжувајќи ја победничката серија, која сега е 14 натпревари по ред. Мемфис Гризлис беше подобар од Њу Орлеанс Пеликанс (107-104), Филаделфија севентисиксерс ја победи Јута Џез (126-122), Минесота Тимбервулвс славеше над Сан Антонио Спарс (141-124), а Детроит Пистонс триумфираше против Портланд Блејзерс (119-112).