![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/07/247943-lebron-so-kari-i-durant-jokikj-so-janis-i-gildzhes-aleksandar-na-nba-ol-starot.jpg?itok=zKskuJVN)
Леброн со Кари и Дурант, Јокиќ со Јанис и Гилџес-Александер на НБА Ол старот
Шекил Онил, Чарлс Баркли и Кени Смит во улога на селектори избраа по осум кошаркари во секој тим за главниот настан кој ќе се одржи на 15 февруари. Интересна е селекцијата на Баркли кај кого шест од осум кошаркари се не-Американци, а ако се земе предвид дека и Карл Ентони Таунс иако е роден во САД, игра за Доминиканска Република, излегува дека тоа е селекција на светот, со исклучок на Донован Мичел од Кливленд: Јокиќ, Адетокунбо, Гилџес-Александер, Вембанјама, Сијакам, Шенѓун и спомнатиот Таунс. Недостасува само Лука Дончиќ кој нема да настапи на Ол стар натпреварот оваа година.
За разлика од него, тимот на Шекил Онил е исполнет со американски ѕвезди, сите репрезентативци на САД: Џејлен Браун, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Дејмијан Лилард и Џејсон Тејтум. Третиот тим е најмалку атрактивен и во него ќе играат: Џејлен Брансон, Кејд Канингем, Ентони Едвардс, Дариус Гарланд, Тајлер Хиро, Џерен Џексон, Иван Мобли и Џејлен Вилијамс.
Четвртата екипа ќе ја сочинуваат играчите кои ќе победат на натпреварот на ѕвездите во подем, а ќе ги предводи Кендас Паркер. Со ждрепка ќе се одлучи кои тимови ќе се сретнат во полуфиналето, а победниците ќе настапат во финалниот меч. Триумфира екипата која прва ќе стигне до 40 поени.
Ол стар викендот оваа година ќе се одржи во арената на Голден Стејт во Сан Франциско, од 14 до 16 февруари.