Вардар ја доби „генералката“ со Охрид пред почетокот на вториот дел од сезоната!

Охрид и Вардар одиграа пријателски меч во салата „Билјанини извори“ во кој славеа црвено-црните со 33-29, ова за двата клуба беше последна контрола пред почетокот на вториот дел од сезоната.

Момците на Гиљермо Милано имаа сигурен влез во мечот, направија разлика уште во првото полувреме кое го добија со 15-10. Во вториот дел само ја одржаа предноста за на крајот да слават со 33-29.

Вардар на подготовките одигра три натпревари, мечот со Охрид му беше втора победа, претходно го совладаа и Борец, а одиграа реми со српскиот тим Дубочица.

За Охрид ова беше прв пораз, претходно ги победија Куманово и Прилеп.

На почетокот од втората полусезона Вардар ќе гостува кај Пролет, а Охрид оди во Велес на дуел со Бисинов Борец.