Јуниорите ќе играат против три кошаркарски велесили на ЕП во Србија!

Јуниорската репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години ќе биде единствената наша селекција што ова лето ќе настапи во А-дивизијата на Европските младински првенства.

Талентите денеска ги добија ривалите и воопшто не беа миленици на срежата при ждрепката. Македонските кошаркари на шампионатот во Србија (26 јули до 3 август) ќе играат во групата Ц заедно со три велесили - домаќинот Србија, Литванија и Грција. Очекувањата се предизвикувачки, бидејќи станува збор за силни противници, но форматот на натпреварувањето овозможува шанса за опстанок дури и со една победа, благодарение на натпреварите од нокаут фазата.

Во осминафиналето во кое ќе се пласираат сите од нашата група, македонската селекција ќе се соочи со екипа од групата Д, каде се натпреваруваат Шпанија, Белгија, Словенија и Летонија. Пласманот во елитната конкуренција Македонија го обезбеди минатото лето, со триумфот на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје. Половина од златната генерација што го освои првото место ќе може да настапи и на претстојното првенство.