Руд е елиминиран од Австралија опен, Зверев лесно мина во следното коло (ВИДЕО)

Шестиот носител на Австралија опен, Каспер Руд доживеа изненадувачка елиминација од чешкиот тенисер Јакуб Менсик, Александер Зверев лесно го помина Педро Мартинез.

Менсик кој е на 46. место на АТП листата го доби првиот сет со 6-2, Руд возврати во вториот земајќи го со 6-3. Се чинеше дека Норвежанецот ќе продолжи така, но тоа не беше случај.

Следниот сет беше најубедлив за Менсик, го доби со 6-1, во следниот беше 6-4 за него со што победи со 3-1 во сетови.

Александер Зверев немаше никакви проблеми со Педро Мартинез, загуби само шест гејма, сетовите ги доби со 6-1, 6-4 и 6-1.