Инфантино му честита на Омерагиќ: Вратите на ФИФА секогаш ти се отворени!

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ доби честитка и од првиот човек на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино.

Инфантино му го честиташе изборот на Омерагиќ за прв човек на ФФМ, а во писмото ја истакна неговата лична поддршка.

„Почитуван претседателе, 

Прифатете ги моите најтопли поздрави и најискрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел.

Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, неговиот развој и промоција на неговите вредности. 

Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат, во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија. 

Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро. Ти испраќам, почитуван претседателе,  најдобри желби за добро здравје и успех“, се вели во писмото на Инфантино.