РК Бутел го „забетонира“ младинскиот репрезентативец – потпиша на уште две години!

Еден од најдобрите стрелци на тимот на РК Бутел, Дамјан Субашевски, го продолжи договорот со клубот на уште две сезони.

Левото крило, кое првично имаше договор до крајот на оваа сезона, сега ќе остане дел од тимот најмалку до 2027 година.

Субашевски е младински репрезентативец на Македонија и имаше значаен придонес на Европското првенство во Словенија, а оваа сезона се наметна како еден од лидерите на суперлигашот под водство на тренерот Горан Кузманоски.