Легенда на Јувентус удри по Влаховиќ: Србинот покажа големо непочитување!

Поранешниот тренер и играч на Јувентус, Фабио Капело, го изрази своето незадоволство од однесувањето на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ за време на победата на Јувентус против Монца (2-1).

Тој не успеа да постигне гол ниту да асистира, а неговата нервоза беше очигледна кога беше заменет во 85. минута.

„Се надевам дека беше лут на себе, а не на тренерот“, изјави Капело за италијанската „Газета дело Спорт“.

Капело исто така го критикуваше Влаховиќ за недостатокот на почит кон тренерот и соиграчите.

„Не разбирам такво однесување. Тоа покажува недостиг на почит кон тренерот и соиграчите кои беа на теренот. Веројатно беше изнервиран што не постигна гол, но тоа не е оправдување“, дополни легендата.

Јувентус останува непоразен тим во Серија А, но заостанува девет бодови зад водечката Аталанта. Следниот натпревар ќе го играат против Фиорентина на „Алијанц“ стадионот. Влаховиќ досега оваа сезона има постигнато 12 голови на 21 натпревар во сите натпреварувања.