Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ без легендарниот Полјак!
Без разлика што имаше покана за турнејата благодарение на 57-те освоени бодови, со кои моменталното е на 28. место во генералниот пласман на Светскиот куп, тој самиот одлучи дека не е подготвен за натпреварување. Селекторот на полската репрезентација ја состави екипата без него. Штох е еден од само шесте натпреварувачи во историјата кои ја освоиле турнејата најмалку три пати. Во сезоната 2017/18, тој направи подвиг освојувајќи ги сите четири натпревари – Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен – достигнување што претходно го оствариле само Свен Ханавалд и Рјоју Кобајаши.
Полјакот со 39 победи и 80 подиуми во својата кариера дефинитивно е една од легендите на скијачките скокови.