Никој не сака да го подигне телото на кошаркарот од Летонија – причината е бизарна!
Според медиумите, семејството на Тима засега не покажало интерес за решавање на ова прашање, а причините се поврзани со бирократски и лични пречки. Пренесувањето на телото во Летонија е отежнато поради тоа што не може да се пронајде неговиот пасош, што бара дополнителна документација за транспорт. Оваа ситуација дополнително се комплицира бидејќи ниту еден член на семејството не сака да преземе одговорност додека не се решат овие административни проблеми.
Летонските медиуми шпекулираат дека семејството на поранешниот евролигашки кошарка избегнува директен контакт со поранешната сопруга на Тима, пејачката Ана Седокова, со која тој наводно бил во конфликт пред трагичниот настан. Јанис кариерата ја почна во Рига и настапуваше за бројни врвни европски клубови, меѓу кои Олимпијакос, Басконија, Химки и Уникс. Иако беше драфтуван во НБА, не доби можност да потпише договор.