Не помага ни Аморим: Јунајтед го има најлошиот пласман пред Божиќ во последните 38 години
Откако дојде на клупата на „ѓаволите“, Аморим го водеше Јунајтед на девет натпревари и на нив доживеа четири порази, а екипата се наоѓа на 13. место на табелата. Тоа е најлош пласман за тимот од Олд Трафорд пред Божиќ од 1986 година, односно од првата сезона под водство на Алекс Фергусон.
Разликата со шестопласираната Астон Вила не е многу голема, изнесува шест бода, но Јунајтед никако не успева да фати ритам и да влезе во серија победи. Иако сезоната е на половина, поранешниот шампион на Англија се уште не бил во низа од барем два триумфа.