Мајорка го сруши Гетафе и ја продолжи битката за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерките на Мајорка го совладаа Гетафе на гости со 1-0 во рамките од 18. коло од шпанската Ла Лига.

Голот на одлука во предградието на Мадрид беше постигнат во 53. минута кога канадскиот напаѓач, Кај Ларин прецизно изведе пенал и го матираше голманот Сори.

Мајорка сега има 30 бодови на своето конто, но од 19 натпревари бидејќи еден дуел одигра однапред.

Ако Мајорка продолжи со добрите настапи сигурно ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите. На ГГетафе од друга страна со 16 освоени бодови му претстои битка за опстанок.

Во наредното коло Гетафе ќе гостува на Лас Палмас, додека Мајорка својот натпревар од тоа коло го одигра претходно и изгуби со 5-1 од Барселона, а па следниот натпревар ќе го игра на 20 јануари кога гостува на Виљареал.