Постекоглу има уште два меча да го оствари ветувањето за кое сите го исмејуваа!
Тој рече: „Јас вообичаено освојувам трофеи во мојата втора сезона“. Ова наиде на потсмев кај медиумите и фановите.
Постекоглу тогаш дури и влезе во вербален дуел со новинарите велејќи дека не кажал ништо што не било точно потсетувајќи дека со сите претходни тимови освојувал нешто во втората сезона.
Тотнем со пласман во полуфиналето од Лига Купот дојде на два меча до трофеј, па сега сите потсетуваат на изјавата на Посекоглу.
Спарси во полуфиналето играат против Ливерпул, ако го минат во финалниот дуел ќе се сретнат со некој од Арсенал или Њукасл.