Продолжува бојкотот на Далиќ - трета година по ред не гласа во изборот на ФИФА

Сите селектори на репрезентации од цел свет гласаа во изборот на ФИФА за најдобрите фудбалери, со исклучок на предводникот на хрватскиот национален тим Златко Далиќ.

Ова не е исклучок, туку веќе правило, бидејќи трета година тој не учествува во гласањето на The Best. Во 2022 година Далиќ изјави дека ФИФА нема респект кон хрватските фудбалери и резултатите на оваа репрезентација и оттогаш ја бојкотира светската фудбалска организација.

За разлика од него, повторно учествуваше Лука Модриќ кој своите гласови им ги даде на соиграчите од Реал, Винисиус, Белингам и Карвахал, а гласаше и новинарот на Спортске новости, Роберт Матеони.