Португалец седнува на клупата на Вулвс

Португалскиот стратег Витор Периера ќе седне на клупата на Вулверхемптон, најавуваат британските медиуми.

Переира во последните десет месеци го предводеше Ал Шабаб од Саудиска Арабија, а „Би-бИ-Си“ објави дека Вулвс за него ќе платат милион евра како оштета.

Според најавите тој би требало во вторник да пристигне на потпис на договорот. На клупата на Вулвс ќе го наследи Гери О'Нил кој доби отказ по лошите резултати.

Од почетокот на сезоната Вулверхемптон на 16 натпревари има 11 порази и се наоѓа на претпоследното место на табелата, па така пред Переира е тешка задача.