Франција ја совлада Унгарија и избегна полуфинале против Норвешка
Двете селекции пред оваа средба го обезбедија пласманот во завршната фаза, но и покрај тоа претстоеше голема битка на теренот, па така резултатот по првите 30 минути беше 13-13.
Франција на стартот со мини-серија од 3-0 направи исчекор кон победата и потоа постојано го чуваше водството, иако Унгарија неколку пати се обиде да го загрози (30-27).
Најефикасни кај Франција беа Клои Валентини и Паулета Фопа со по пет голови, додека Катрин Гита Клујбер запиша девет погодоци за Унгарија.
Победата за Франција значи дека во полуфинале ќе игра против победникот од дуелот меѓу Данска и Холандија, додека поразената Унгарија ќе се соочи против Норвешка.