Фенербахче сака да го избрка џинот Марјановиќ

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ на почетокот на сезоната се врати во европската кошарка по авантурата во САД, но во Фенербахче најверојатно нема да се задржи уште долго.

Марјановиќ пред неколку месеци потпиша договор со гигантот од Истанбул, но турскиот гигант сега планира да му ја раскине соработката зашто решил да пронајде ново решение на неговата позиција.

Италијанскиот новинар Андреа Калцони објави дека Фенербахче бара нов центар, а прва желба им е Бруно Фернандо кој игра во Торонто.