Барцокас нападнат по мечот против Партизан, Олимпијакос поднесе жалба (ВИДЕО)

Олимпијакос синоќа загуби од Партизан и ја прекина серијата од шест порази што беше големо разочарување за тренерот на овој тим Јоргос Барцокас.

Непосредно по завршувањето, тој влезе во физички дуел со противничкиот кошаркар Тајрик Џонс, а на прес-конференцијата соопшти дека бил пцуен од помошникот на Жељко Обрадовиќ и оттурнат од навивач на Партизан.

„Ова е проблем за Евролига. Еден од асистентите на Обрадовиќ, не му го знам името, ни се обраќаше и не пцуеше во текот на целиот натпревар. Разменив неколку зборови со него на крајот, а потоа Тајрик Џонс ме нападна и еден навивач влезе во теренот и ме оттурна. Ова не е моја работа, туку одговорност на некој друг“, рече Барцокас.

Поради инцидентот, Олимпијакос испрати жалба до Евролига, но снимките по натпреварот покажуваат дека Барцокас го иницирал инцидентот затоа што се гледа како го турка помошниот тренер на Партизан по завршувањето на натпреварот. Ова не е прв инцидент на грчкиот стручњак оваа сезона бидејќи неодамна имаше сличен случај и со тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)