Србија прва обезбеди виза за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија е првата која преку квалификациите обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи идната година.

Денеска, актуелниот светски вицешампион ја совлада Данска со 98-51 и дојде до биланс 4/0 со што создаде недостижна предност во однос на ривалите, односно не може да биде послабо пласирана од второто место. Со ова, Србите им се придружија на Кипар, Финска, Летонија и Полска кои како ко-домаќини имаат загарантиран пласман на континенталниот шампионат.

Алекса Аврамовиќ ја предводеше српската репрезентација со 18 поени и 8 скока, Симаниќ постигна 12 поени, а Гудуриќ 11. Составот со кој денеска играа Србите сигурно нема да биде оној кој ќе настапи на Европското првенство, а со Јокиќ во тимот, оваа селекција ќе биде можеби најголем фаворит за титулата идната година.