„Силувачот“ Менди распали по бившите колеги од Манчестер сити!

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Бенџамин Менди беше обвинет за силување во 2021 година, по што премиерлигашот веднаш го суспендира, но тој успеа на суд да докаже дека е невин.

Французинот долго време се бореше за правда и две години беше надвор од теренот, но успеа да се спаси од затворска казна, па сега „распали“ по неговите поранешни колеги.

„Неколку првотимци на Манчестер сити, меѓу кои и капитенот, беа присутни на забавите. Сите пиевме алкохол, имавме односи со жени. Ги прекршивме рестрикциите за ковид-19. Тоа не го оправдува моето однесување, но не е фер тоа што Манчестер сити ме обвини само мене. Разликата меѓу мене и другите е тоа што само јас бев јавно понижен“, кажа Менди.