Гвардиола го избра најдобриот на сите времиња: Можеби покажувам непочитување кон Пеле и Марадона
Во Барселона Гвардиола помина успешен период во Барселона водејќи го Лионел Меси, па така и за очекување е што го избра токму Аргентинецот за најдобар на сите времиња.
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби вака покажувам непочитување кон Пеле и Марадона, но не можам да замислам никого како Меси. Да се биде константен толку догло време е неверојатно.
Го гледав како тренира од ден во ден и на секои три дена игра натпревари. Кога имате прилика да сте блиску и да го следите тогаш сфаќате всушност за каков фудбалер се работи. Меси е уникат. Треба да сме среќни што имаме прилика да го гледаме и да уживаме во се што прави на теренот“, изјави Гвардиола.
Гвардиола Меси го тренираше од 2008 до 2012 година и заедно освоија три титули во Ла Лига, две во Лигата на шампионите и два шпански купа.