Судијата е „заштитена мечка“: Форест казнет со милион евра за коментирање на судењето!
По поразот од Евертон во финишот од минатата сезона, кога двата тима се бореа за опстанок заедно со Лутон, Форест го критикуваше судијата Стјуарт Атвел, кој беше во ВАР собата и со тоа го довела во прашање неговиот интегритет, па затоа клубот доби ваква жестока казна.
„Три крајно лоши одлуки – три недосудени пенали – кои едноставно не можеме да ги прифатиме. Го предупредивме здружението на премиерлигашки судии уште пред натпреварот дека навивач на Лутон е задолжен за ВАР, но тие не го заменија. Нашето трпение е многупати тестирано, ќе ги разгледаме сите опции“, напишаа од Нотингем.
Независната комисија која го разгледуваше случајот, ја нарече публикацијата „несовесна и неодговорна“, а премиерлигашот најави жалба на „разочарувачката“ и „непропорционална“ казна.