Камавинга на Французите им објасни како е прифатен Мбапе во Реал Мадрид

Франција вчера со 4-1 го победи Израел во меч од Лигата на Нации, еден од стрелците беше Камавинга, за разлика од него Мбапе не е со репрезентацијата, тој остана во Мадрид.

Камавинга доби прашање за Мбапе од француските новинари, тој им објасни како напаѓачот е прифатен во Реал Мадрид.

„Сите го сакаат Мбапе во Реал Мадрид“, вели Камавинга.

„Прво и основно, тој зборува шпански многу добро, а со тоа полесно си го направи доаѓањето. Тој е многу едноставен и скромен. Одлично e прифатен во соблекувалната, сите сме среќни“.