Алкараз изненаден во Шангај: Шпанецот елиминиран од 33. тенисер во светот!

Еден од главните фаворити за освојување на турнирот во Шангај, Карлос Алкараз го заврши настапот во четвртфиналето.

Алкараз со 2-0 во сетови беше елиминиран од Чехот Томаш Махач кој е 33. на АТП ранг листата.

Чешкиот тенисер до победата дојде со 2-0 во сетови. Првиот сет беше одлучен во тајбрејк (7-6) откако претходно не видовме ниту еден брејк од двајцата тенисери.

Во вториот Махач направи два, а Алкараз еден и тоа беше доволно да дојде до победата.

Противник на Махач во полуфиналето ќе му биде Јаник Синер.