Купувал саксија за цвеќе и за малку ќе го пропуштел повикот за деби за Германија!

Фудбалерот на Борусија Минхенгладбах, Тим Клајндиенст, доби покана за деби-настап за германската репрезентација, а интересна е приказната за тоа како дознал за повикот.

По неколку повреди на играчите, селекторот Јулијан Нагелсман реши да го повика, но малку недостасувало тој да ја пропушти укажаната шанса.

„Имав два пропуштени повици, бидејќи ѕвонењето и вибрациите секогаш се исклучени на мојот мобилен телефон. Бев во маркет каде што купував саксии за цвеќе, но за среќа успеав да се јавам при третиот обид. Бев шокиран кога сфатив дека ме бара Нагелсман. Не очекуваш да ти се јави селекторот, тоа беше посебно и еден од најубавите телефонски повици што сум ги одбил“, опиша Клајндиенст.

Тој првата шанса за деби во дресот на „панцерите“ ќе ја има на утрешната пресметка против БиХ во дуел од Лигата на нации.